ДЕЛИКАТЕС НА КОЈ МУ НЕМА РАМЕН! Слатко од ливчиња од роза е задоволство за сите сетила (РЕЦЕПТ)

8 септември, 2020
slatko od ruzi

Ова традиционално слатко кое го подготвувале нашите баби не само што е совршена зимска храна за семејството, туку и на секој што ќе го послужите ќе биде воодушевен од вкусот.

Потребни состојки:

100 гр ливчиња од црвени рози
1 литар вода
1 кг шеќер
1 ванилин шеќер
1/2 кесичка лимонтус

Подготовка:

Измијте ги ливчињата. Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете ги ливчињата од роза и оставете ги да се готват 15 минути дури не стане бело. Додадете шеќер, ванилин шеќер, а потоа и лимунтус, тоа ќе ја врати црвената боја на ливчињата. Гответе 50-60 минути повремено отстранувајќи ја пената. Извадете ја шерпата од шпоретот и оставете да се излади. Истурете го слаткото во чисти тегли.

escort - Korsan taksi