Добар почеток на денот со брз појадок со грчки јогурт

2 септември, 2020
grcki jogurt

Грчкиот јогурт е полн со протеини и затоа е одличен за утрото бидејќи ќе ви даде енергија да го продолжите денот. Од друга страна, јаболкото, циметот и медот ќе ги задоволат и најголемите зависници на слатко. И најдоброто… Ќе ви се потребни буквално неколку минути да ги измешате состојките.

Состојките подолу се доволни само за една порција. Ние ветуваме дека нема да страдате од глад или недостаток на енергија до ручекот. Добро утро и добар вкус!

Состојки:

180 грама грчки јогурт

1/2 лажица мед или јаворов сируп

100 гр излупени и исечени јаболка

30 гр цимет

гранола

Подготовка: Добро измешајте го јогуртот со мед и цимет. Одозгора наредете исечени јаболка и гранола.