Имаме поинакви рецепти за миризливи пецива што ќе ве воодушеват!

6 октомври, 2020
пецива

Нема ништо поубаво од мирисот на свежо печен колач наутро кога ќе ги отвориме очите. Топлите пецива на трпезата секако ги сакаат сите членови на вашето семејство, а овој пат ви донесовме малку поинаков рецепт и, откако ќе ги пробате, нема да можете да се наситите од нив.


Повеќето подготвуваат колачи со месење на тестото и ставање директно во рерна, но овој рецепт е малку поинаков. Комбинацијата на пецива за готвење во топла вода и класично печење ќе им даде мекост одвнатре и крцкавост однадвор. Секој што го испробал овој рецепт е воодушевен, а се надеваме дека и вие ќе бидете.


Состојки
-700 гр брашно
-400 мл млака вода
-30 гр екстра девствено маслиново масло или путер
-лажичка сол
-2 лажички шеќер
-сув квасец
-2 литри вода
-3 лажици сода бикарбона
-груба сол и семиња по желба за посипување


Подготовка

  1. Во голем сад, додадете брашно, шеќер и сув квасец. Промешајте
  2. Додадете млака вода, маслиново масло и сол. Месете го тестото.
  3. Пренесете го тестото на набрашнета работна плоча и продолжете да месите со рацете неколку минути.
  4. Вратете го тестото во садот и покријте го и оставете го да стои на топло место 30 минути.
  5. Вратете го тестото на работната плоча и поделете го на 8-10 еднакви делови. Обликувајте топчиња и лесно притиснете ги со раката одозгора.
  6. Истурете 2 литри вода и 3 лажици сода бикарбона во тенџерето. Оставете го да зоврие на шпоретот.
  7. Ставете го тестото во врела вода. Гответе 30-40 секунди.
  8. Извадете ги колачињата и исцедете ги. Пренесете ги во плех за печење и пресечете со нож одозгора, посипете со груба сол и семиња по желба.
  9. Печете 30-35 минути во загреана рерна на 180 степени.

Пријатно!

escort - Korsan taksi