Имаме рецепт кој ќе ви го разубави есенскиот дождлив ден: Совршено пилешко во кремаст сос!

26 септември, 2020
h_14785144_1024

Пилешко со печурки и спанаќ во кремаст сос

околу еден килограм пилешки гради

100 милилитри бело вино

200-300 грама спанаќ (ќе служи и замрзнат)

250 грама печурки по ваш избор

200 милилитри крем за готвење

чешне лук

билки (препорачуваме мајчина душица и магдонос)

лажичка путер

Исечете ги стековите и раширете ги така што ќе се готват побрзо. Пилешкото пржете го на путер од сите страни за дафатат боја, додадете го сецканиот лук и по половина минута и печурките. Добро промешајте. Почекајте да испари водата што ќе ја испуштат печурките, а потоа додадете го виното.


Кога виното ќе испари, додадете спанаќ. Додадете сол и поклопете. Кога течноста ќе испари, додадете вода и варете го покриено додека месото не омекне. Доколку е потребно, додадете повеќе вода, а доколку сакате можете да додадете коцка за супа или да ја замените со густин. По околу 15 минути, додадете крем и зачини, проверете дали месото е готово и, ако е така, послужете. Послужете со тост-леб или ориз.