Ќе уживате во секое залаче: Пробајте полнети ролнички со модар патлиџан

27 ноември, 2020
polneti-rolnichki
Состојки:
  • 2 модри патлиџани со средна големина
  • 3 јајца
  • 200 г лебни трошки
  • 50 г пармезан
  • 150 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 400 г крем-сирење
  • 100 г шунка
  • неколку листа зелена салата
  • масло
  • сол
Приготвување:

1. Патлиџаните се мијат, краевите се сечат, а потоа заедно со кората се сечат надолжно на тенки листови.

2. Листовите од патлиџанот се посолуваат и се оставаат да пуштат сок. Потоа се валаат во екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, па во изматените јајца и на крајот во мешавината од лебните трошки и пармезанот.

3. Панираните патлиџани се пржат на врело масло од двете страни додека поруменат малку. Се вадат на хартиена салфетка за да им се исцеди вишокот течност. Накратко се поклопуваат да се попарат и да омекнат за да може да се виткаат.

4. Посебно се приготвува филот. Крем-сирењето се поврзува со ситно исечканата шунка.

5. Се зема еден лист паниран патлиџан и се премачкува со малку од филот од сирењето, се нанесува лента зелена салата, па се витка во ролна и се прицврстува со чепкалка за да не се одвитка ролничката. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат и другите ролнички.