Костен торта без печење: Вкусен десерт готов за половина час! (РЕЦЕПТ)

16 октомври, 2020
velika-kesten-torta


Некои десерти од костени се комплицирани и одземаат многу време за подготовка, но овој рецепт што ви го донесуваме е брз и лесен, па дури и нема да треба да ја вклучувате рерната.

За основата ќе ви требаат

350 гр мелени бисквити,

100 гр путер,

100 гр чоколадо за готвење и

50 гр шеќер во прав.

Стопете ги путерот и чоколадото , измешајте ги бисквитите и шеќерот во прав и добро измешајте. Тавата за торта премачкајте ја со малку масло за да не залепи основата, а потоа притиснете и израмнете ја подготвената смеса.

Подгответе го кремот мешајќи добро 200 гр путер и 50 гр шеќер во прав, а потоа додадете 250 гр пире од костен. Додадете 300 мл слатка павлака во шлаг и измешајте во смесата со крем. Ако сакате, додадете лажица рум. Основата премачкајте ја со крем и украсете сè со 200 мл слатка павлака измешана во шлаг. По желба, посипете ја тортата со рендано чоколадо или какао во прав.

escort - Korsan taksi