Кремаста торта од палачинки: Не сте пробале повкусен десерт! (РЕЦЕПТ)

1 октомври, 2020
торта насловна

Лесно е да се подготви, и никој нема да може да му одолее на вкусот


Состојки:

  • 400 грама брашно
  • 10 лажици шеќер
  • 10 јајца + две жолчки
  • Литар млеко
  • Сончогледово масло
  • Чоколаден намаз
  • Две павлаки
  • 50 грама путер
  • Какао во прав

Подготовка:

Изматете го брашното, пет лажици шеќер, пет јајца и две жолчки со млекото. Од добиеното ретко тесто, направете и пржете многу тенки палачинки на масло.

Одделете ги жолчките од преостанатите јајца и изматете со остатокот од шеќерот. Додадете путер и павлака, а потоа и снегот од преостанатите белки.

Наредете ги палачинките и премачкајте со тенок слој намаз од чоколадо. Кога ќе ги потрошите сите палачинки, богато украсете ја тортата со крем од јајца и чувајте ја во фрижидер најмалку два часа пред да ја послужите. Посипете со какао во прав и послужете!

Пријатно!