Мињон торта: Вкусен десерт на кој нема да му одолеете!

14 октомври, 2020
minjon-torta-bogata-torta-sa-dve-glazure-recept


Состојки:

12 јајца

600 гр шеќер

150 гр мелени ореви

150 гр мелени бадеми

150 гр мелени лешници

3 лажици брашно

1 чаша млеко

1 кесичка ванилин шеќер

250 гр путер

50 гр црно чоколадо

За глазура:

100 гр црно чоколадо

100 гр бело чоколадо

6 лажици масло

Подготовка: За првата кора изматете 4 белки во цврст снег, додавајте постепено 120 гр шеќер, а потоа внимателно измешајте 150 гр мелени ореви и 1 лажица брашно. Печете во тава претходно намастена со масло и попрскана со брашно или обложена со хартија за печење на 180 степени Ц, околу 20 минути.

Втората кора е иста, наместо ореви се додаваат само лешници. Третата кора е исто како и првата, наместо ореви се додаваат само бадеми. За филот изматете 12 жолчки со 240 гр шеќер, чаша млеко, ванилин шеќер и варете додека не се згуснат.

Кога ќе се олади, додадете путер. Поделете го филот на два дела, па ставете 50 гр растопено чоколадо во еден а потоа наизменично истурете ја целата торта со глазура од црно-бело чоколадо.