Нешто сосема поинакво: Овој рецепт за коктел со кафе ќе ги воодушеви сите љубителите на овој омилен пијалок

31 декември, 2020
1380446

Кој вели дека кафето е резервирано само за утрото? Зошто да не се наздрави за годината што претстои со нешто сосема друго

Одбројувањето до крајот на оваа година, кое за жал не ни донесе ништо добро, веќе започна.

Ако сте еден од љубителите на силно кафе што не може да го замисли почетокот на денот без овој омилен пијалок, еве идеја како можете да уживате во тоа.

Убедени сме дека љубителите на кафе воопшто нема да бидат разочарани од совршените коктели за кафе.

Дали ви се допаѓа интензивниот вкус на еспресо? Пробајте интересен коктел со богат вкус: Еспресо Мартини.

Потребно е:

45 мл Кахлуа (мексикански ликер за кафе)

30 мл вотка

30 мл еспресо

Измешајте ги сите состојки во шејкер со многу мраз и истурете го коктелот во чаша мартини. На здравје!