Почеток на денот на холивудски начин: Појадувајте како познатите!

8 октомври, 2020
devojka-krevet-dorucak-2048x1365


Ако некогаш сте се запрашале што јадат познати личности за појадок за да имаат совршени тела, веројатно низ главата ви поминуваат скапи решенија за кои се потребни многу пари. Сепак, веруваме дека ќе бидете изненадени.

Криси за списанието Делиш откри дека не е љубител на слатки јадења и дека наместо тоа избира протеини и зеленчук. Открила и дека мора да јаде јајца секој ден. Нејзин омилен е изматени јајца колбас од мисирка или свинско месо и домати и авокадо исечени на парчиња.


Голем број луѓе претпочитаат јајца наутро, а Џиџи не е исклучок. Како што вели, наутро, пред првиот оброк, пие кафе и цеди портокали, а потоа сака да појадува сланина, изматени јајца, а како што вели, во последно време обожава да додава конзервирани зрна грав во матените јајца.

View this post on Instagram

Well.. Still here.

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on


Тренерот на Селена, Ејми Рософ, му откри на британски Космополитен дека, кога пејачката е на турнеја, прво подготвува обилен појадок. Селена обожава пржени јајца со здрави варијанти на бурито со зеленчук како што се ориз, грав или авокадо, но ја обожава и комбинацијата на гранола и полномасен грчки јогурт.

View this post on Instagram

Good morning

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Ким е голем обожавател на диетата Аткинсон, па нејзиниот појадок е всушност на два дела – во почетокот јаде изматени јајца со мисирка и пушена гауда, а малку подоцна грчки јогурт со свежо овошје, како боровинки. Појадок за чиста десетка.