Рецепт за најдобрите домашни обланди!

22 октомври, 2020
profimedia-0291427522-725x483

Состојки:

4 листови обланди

За фил:

250 гр путер

200 гр шеќер

12 лажици вода

250 гр мелени ореви

250 гр мелен интегрален бисквит

100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Ставете путер, шеќер и вода во шерпата, па мешајте на умерена температура додека не се соединат сите состојки. Потоа во смесата додадете ореви, бисквити и чоколадо и сè мешајте повторно сè додека не добиете мазен крем. Оставете кратко да се излади, а потоа поделете го кремот на три еднакви делови. Намачкајте на горниот дел од бландите и продолжете додека не ги потрошите и филот и обландите. Замотајте го крајот на обландата во мрсна хартија, па ставете на нив плех за печење за да бидат што е можно поцврсти. Оставете го на ладно и ако сакате, откако тортата ќе се зацврсти, последната обланда можете да ја премачкате со чоколадна глазура.

escort - Korsan taksi