Рецепт за вистинско мексиканско бурито: Експлозија од вкусови во тортиља

10 октомври, 2020
profimedia-0388419248-725x483-1


Состојки:

250 гр мелено месо (телешко месо)

1/2 кромид

2 чешниња лук

лажица масло

1 домат (поголем, излупен и исечен на коцки)

3 тортиљи

4 лажици слатка пченка (варена или конзервирана)

4 лажици црвен грав (конзервиран)

4-5 лажици рендано сирење

лажичка сушено оригано

лажичка ким

лажичка црвен пипер

1/2 лажиче сол

лажица павлака

малку коријандер (за украс)

Подготовка Загрејте го маслото во тава и кратко пропржете го ситно исецканиот кромид и лук. Додадете го меленото месо, промешајте да се испржи сè убаво. На патот додадете оригано, ким, бибер, црвен пипер и сол. Убаво промешајте, па додадете ги доматите, пченката и гравот. Гответе околу 15-20 минути додека не се зготви меленото месо. Изрендајте го сирењето. Загрејте ги тортиљите една по една во тава на силен оган. На секоја топла тортилја наредете по една лажица сирење по должина од секоја страна, а потоа над полнењето со мелено месо. Завиткајте ги тортиљите, и пред сервирање намачкајте ги со малку кисела павлака и посипете ги со коријандер или магдонос.

escort - Korsan taksi