Салатата на Џенифер Анистон: Омилениот оброк на „Пријатели“ 10 години по ред

11 октомври, 2020
74964062_954774724909731_5603202868381110294_n

Од емитувањето на првата епизода на култниот серијал „Пријатели“ на 22 септември 1994 година, оваа серија стана еден вид феномен, кој денес е подеднакво популарен. Токму „Пријателите“ ги прославија главните актери – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери. Ако мислевте дека знаете сè за оваа серија и нејзините актери – дали некогаш сте се запрашале што јаделе популарните актери за време на напорни сетови? Имено, повеќе од десет години, целиот тим на „Пријатели“ јаде исто јадење според рецептот на Џенифер Анистон, за кое ви донесуваме и рецепт.


Состојки:

1 чаша булгур

2 исечени краставици

1 конзерва грав (исплакнете и исушете)

1 црвен кромид (ситно сецкан)

2 лажички магдонос

1 лажичка свежа нане

половина чаша фета сирење

и половина чаша излупени ф’стаци

Постапка: Две чаши вода да зовријат. Откако ќе зоврие водата, додадете булгур и намалете ја топлината. Покријте ја тавата и оставете го булгурот да се готви околу 20 минути или додека не изврие водата. Мешајте на секои пет минути. Откако ќе се свари, оставете го булгурот да се излади 20 минути на собна температура. Во голема чинија измешајте краставици, грав, ф’стаци, кромид, магдонос, нане и сирење и додадете го булгурот. Сите состојки добро измешајте ги. Послужете веднаш, а остатокот чувајте го во фрижидер. Добар апетит!

escort - Korsan taksi