Сам свој пекар: Направете меки кифлички со шунка и кашкавал (РЕЦЕПТ)

27 септември, 2020
kiflice-e1601139944724

Доколку сакате сами да правите пекарски производи, како и што било од тестото, имаме рецепт за совршени кифлички со кашкавал и шунка. Потребни ви се само пет состојки за да ја направите оваа мека закуска.

Состојки:

400 гр тесто за пециво

350 гр шунка

350 гр кашкавал

1 жолчка од јајце

20 гр семе од сусам


Подготовка: Земете шунка на парчиња и исечете ја на надолжни парчиња, со големина од околу 10 см. Направете го истото со кашкавалот. Тестото развлечете го со сукало, а потоа исечете го по должина на попречни ленти. Откако ќе завиткате сè во ролни, ставете ги во плех за печење на хартија за печење, премачкајте ги со една жолчка и посипете ги со сусам. Печете ги ролатите во рерна 15 минути, на 180 степени.