Сендвич со банана и путер од кикирики: Вкусен појадок за само 5 минути!
25 декември, 2020
Овој сладок сендвич можете да го послужите со малку шеќер во прав или да истурите врз него лажица мед, а исто така е одличен во комбинација со слатки сирупи.
Состојки:
1 јајце
½ лажичка екстракт од ванила
2 лажици путер од кикирики
2 парчиња леб
1 мала банана
2 лажици путер
Подготовка:
Секое парче леб премачкајте го со лажица путер од кикирики. Исецкајте ја бананата во кругчиња и ставете ја на едно парче и покријте ја со друго. Изматете ги јајцата со ванила и натопете го сендвичот од двете страни во смесата. Растопете го путерот во тава и ставете ги парчињата. Печете од двете страни додека не добие примамлива кафеава боја и сервирајте топло.