Што се празниците без мермерен колач? Пробајте го според рецептот на мајките и бабите!

22 декември, 2020
marble-banana-bread1-800x533


Оваа торта е особено сакана од децата.
Бадник и Божиќ се ближат и ако сè уште барате инспирација, користете го овој рецепт за мермерна торта – подготовката е брза и лесна.

Состојки: 3 јајца,15 лажици брашно, 15 лажици шеќер, 15 лажици масло, 15 лажици вода, прашок за пециво, ванилин шеќер, 2 лажици какао.

Подготовка: Изматете 3 јајца, па додадете 15 лажици шеќер, 15 лажици брашно и иста количина масло и вода и еден ванилин шеќер. Изматете сè добро и истурете половина од смесата во еден калап, а на другата половина додадете 2 лажици какао и 1 лажица вода. Измешајте и истурете ја првата смесаПечете на 200 ° C околу 40 минути.