Швајцарски коцки: Се топат во уста а се подготвуваат за само 10 минути. Ќе ги обожавате!

9 декември, 2020
236403_coko_ls


Состојки:

јајца 2

шеќер во прав 200 гр

маргарин 80 гр

чоколадо 80 гр

мелен бисквит 130 гр

мелени ореви 35 гр


Како да се подготви: Изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат пенести, па ставете ги на пареа со постојано мешање. Кога ќе зоврие додадете го маргаринот да се стопи. Тргнете го од оган, а потоа додадете чоколадо, бисквити и ореви во смесата. Комбинирајте сè и истурете во подмачкан калап. Кога ќе се олади, исечете ги на коцки и прелијте со чоколадна глазура. Украсете со ореви, лешници или фстаци – по желба.