Совршен протеински појадок: Сладок тост со рикота сирење и банана е идеален почеток на денот (РЕЦЕПТ)
6 декември, 2020

Ова е еден од оние појадоци што можете да ги направите кога сакате сладок доручек, без да ве гризе совест, затоа што е повеќе од здрав.
Потребни состојки:
4 парчиња интегрален леб
4 лажици сирење рикота
1 лажица екстракт од ванила
1 лажица мед
1 банана
грст сецкани ореви по желба
лажица цимет во прав
Подготовка:
Измешајте ги рикотата и ванилата додека состојките не се комбинираат и не се формира мек крем. Додадете мед и кратко мешајте.
Во меѓувреме, лебот намачкајте го со добиениот крем, ставете на површината кругови сечкана банана и посипете ги со омилените ореви и цимет.
Пријатно јадење!