Совршеното домашно Бејлис ќе ни помогне барем малку да уживаме во остатокот од оваа година!

5 декември, 2020
1-Neverojatno-vkusen-Choko-Bejlis.www_.kafepauza.mk_


До Божиќ има уште половина месец, а ние сме подготвени да испиеме поголема количина Бејлис во догледно време (секако одговорно), но има само еден проблем: тоа ќе не чини цело богатство!

Освен ако не го направите овој омилен пијалок сами со помош на овој рецепт. Направете си свој Бејлис!

Благодарение на членовите на Facebook групата „Extreme Couponing and Bargains UK“, а особено на дамата Кристи Карвер, добивме рецепт за домашни Бејлис. Со само неколку едноставни состојки, ќе бидете на добар пат да го направите највкусниот Бејлис што некогаш сте го имале.

Еве што ви треба:

• половина шише виски

• 6 јајца

• пакет кондензирано млеко

• пакет незасладено кондензирано млеко

• 1 лажичка есенција на ванила (или есенција од портокал)

• 1 лажичка кафе или 1 лажица топло чоколадо во прав

Подготовка: Едноставно ставете ги сите состојки во мешалка, изладете ги во фрижидер и послужете ги на мраз. “Моите шишиња не траат долго затоа што пијалокот е вкусен и не трае долго! Но, тоа ќе трае најмалку една недела во фрижидер”, вели Кристи. Ако сакате да ги „зачините“ работите, есенцијата на ванила можете да ја замените со есенција на портокал, а исто така може да изберете помеѓу кафе и топло чоколадо во прав.

escort - Korsan taksi