Убав летен десерт: Чизкејк што дури и почетниците можат да го направат

25 август, 2020
desert

Искористете ја сезоната на праските и направете одличен колач кој кога ќе се олади станува вистинско летно освежување. Толку е лесен а подготовка што дури и почетниците ќе бидат задоволни од резултатот.

Состојки:

  • 1/2 чаша бадеми
  • 3/4 чаши брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 8 лажици путер
  • 2 жолчки од јајца
  • 3 лажици вода
  • чаша џем од праски
  • 4 праски
  • лажица бадеми за украсување
  • чаша маскарпоне

Подготовка:

Иситнете ги бадемите и додадете брашно, шеќер и сол. Потоа ставете ги во блендер и додатете путер и мешајте уште малку. Жолчките додадете ги во блендер, а потоа истурете и вода. Ќе добиете леплива смеса за тесто.

Формирајте кружно тесто и ставете го во подмачкан калап. Оставете да отстои околу 20 минути, а потоа печете го 30 минути на 180 ° С. Оладената кора премачкајте ја прво со џем, а потоа со маскарпоне што предходно ќе го измешате. Декорирајте со парчиња праски и бадеми.

escort - Korsan taksi