За брз и здрав појадок пробајте јајце на око на поинаков начин

30 октомври, 2020
download


За добар почеток на денот, но и за добивање енергија, важно е да јадете вкусен, но и квалитетен појадок. Едно од најлесните јадења за подготовка за појадок е јајцата, но може да станат здодевни по некое време. Пробајте го овој едноставен рецепт што обичните јајца ги претвора во забавен појадок, како што пренесува Goodhousekeeping.

Состојки:

1 голема пиперка (или 4 во различни бои)

1 лажица растително масло

4 големи јајца

сецкан магдонос, за гарнир

Подготовка: Исечете го дното на пиперките и извадете го семето. Потоа исечете го на тенки прстени. Загрејте го растителното масло во нелеплива тава. Печете ги пиперките две минути на едната страна. Свртете ги пиперките и скршете по едно јајце во центарот на секоја од нив. Печете ги покриени додека јајцата не го постигнат посакуваниот вкус и изглед. Зачинете ја секоја пиперка со 1/4 лажичка сол и бибер. Украсете со сецкан магдонос.