ЗДРАВО И ФИНО ЈАДЕЊЕ: Модар патлиџан со месо, пармезан и зеленчук

15 октомври, 2020
d56d816d38ce0f975c592040c8f2d5ed

Модар патлиџан полнет со мелено месо со додавање на разни ароматични зачини сигурно ќе ја освежат вашата кујна, а можеби и ќе го изненадат семејството. Искористете ја сезоната и испробајте нешто ново.

Состојки :

500 гр модар патлиџан, 180 гр. мешано мелено месо, 160 гр. ориз, 100 гр. домати, 50 гр. црвен кромид, 30 гр. рендано сирење (пармезан) (2 лажици), 40 гр. маслиново масло (2 лажици и 2 лажички) , 1 дл. сок од домати, 1 јајце, 2 чешниња лук, лисја од магдонос, сол, бибер.

Подготовка:

  • Измијте ги модрите патлиџани, исечете ги на половина, извадете ја средината со лажица, зовријте кратко и изладете.
  • Сварете ги парчињата што сте ги ископале на кратко, изладете ги и исечкајте ги ситно.
  • Измешајте ги со ситно исечен лук и магдонос.
  • Излупете два домати, извадете ги семето и исечкајте ситно.
  • Ситно исецкајте го кромидот и испржете го во масло. 
  • Во посебен сад, изматете едно јајце, додадете парчиња модар патлиџан со лук и магдонос, рендано сирење, сецкани домати, месо, сол и црн пипер. Измешајте добро и пополнете ги модрите патлиџани со смесата.
  • Наредете ги модри патлиџаните во сад, истурете со малку сок од домати, покријте ги и оставете ги да се варат на тивок оган. (Може да се подготви и во микробранова печка).
  • Послужете со 120 гр варен ориз.

escort - Korsan taksi