Ролат од тиквици со шунка и кашкавал: Еве како се подготвува ова вкусно предјадење кое изгледа феноменално на чинијата

17 ноември, 2020
2379649_profimedia0540428233_ls

Ролати од тиквички со шунка е совршено предјадење, а се подготвува брзо и лесно. Освен што е многу вкусно, изгледа и феноменално на чинија.

Состојки

4 јајца

2 тиквички

200 гр шунка

150 гр кашкавал

50 гр пармезан

по вкус магдонос или зачинско масло

сол и бибер

Подготовка: Вклучете ја рерната да биде веќе жешка кога ќе почнете да готвите. Изматете јајца, сол и бибер. Додадете рендан пармезан и магдонос или копар. Изрендајте тиквички и веднаш измешајте ги јајцата. Истурете во добро намастен плех, обложен со хартија за печење, кој исто така треба да се подмачка и да се попрска со брашно. Печете на 180 C степени околу 20 до 25 минути. Извадете ја од рерната, оставете малку да се излади, а потоа внимателно одделете ја од хартијата. Наполнете ги пржените јајца и тиквички со шунка и кашкавал на нова хартија и превртете ги. Печете во рерна уште 10 минути за да се стопи кашкавалот.