Ручек за денес за 30 минути! Пица ролат од готови кори!

7 август, 20200
пица

Состојки:

  • 1/2 кг готови кори
  • 4 јајца
  • 200мл јогурт
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка прашок за печиво
  • 100мл масло
  • 4 лажички брашно
  • кечап
  • рендан кашкавал
  • шунка
  • свежи печурки
  • оригано
  • сусам

Подготовка: 

Пред се, направете го филот за премачкување на корите. Изматете јајца, додадете масло, јогурт, сол, прашок за печиво и брашно. Сето тоа треба да се соедини. Секоја кора премачкувајте ја со фил десет пати. Десеттата кора премачкајте ја со кечап, додадете ја шунката, кашкавалот, печурките и ориганото. Завиткајте во ролат. Премачкајте со остатокот од филот и ставете сусам. Печете на 180 степени околу 30 минути.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *