Само три состојки! Рецепт за брзи бисквити без брашно

10 јули, 20200
biskviti

Ви се јаде нешто слатко? Од само неколку состојки многу брзо можете да направите фин рецепт. За љубителите на бисквити имаме oдличен рецепт без брашно.

Главната ѕвезда на овие бисквити е путерот од кикирики, кој инаку се смета за одличен извор на протеини од растително потекло. Иако можете да користите различни видови на путер од кикирики, најдобри резултати ќе добиете со природен путер кој се состои само од кикирики и евентуално малку сол.

Состојки за брзи кекси:

  • 250 грама кремаст путер од кикирики 
  • 200 грама шеќер
  • 1 големо јајце

Подготовка:

1. Со миксер помешајте го јајцето со шеќерот и путерот од кикирики додека не добиете еднолична, леплива смеса. 

2. Со лажица за сладолед поделете ја смесата на топчиња

3. Секое топче со раце обликувајте го округло

4. Ставете ги така подготвените бомбици на хартија за печење па сплеснете ги со вилушка.

5. Бисквитите ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180°C околу 18 минути. 

6. Оладете пред послужување.

 Пријатно јадење!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *