Сè уште не сте ја пробале оваа мрзлива пита: Убедливо најбрзиот рецепт, а вкусот е вистинско совршенство!

27 септември, 2020
КОЛАЧ НАСЛОВ

Вкус и мирис од кујната на баба

Ако питата може да биде мрзлива, може и вие. Овој рецепт е многу едноставен и брз, и ќе добиете извонредна пита со јаболка што сигурно ќе го воодушеви целото семејство.

Состојки:

1 чаша масло (250 ml)

1 чаша шеќер (250 ml)

3 јајца

3 чаши брашно

1 вреќа прашок за пециво

1,5 кг јаболка

Подготовка:

Тесто:

Изматете ги маслто и шеќерот и додадете ги јајцата. Повторно изматете, па додадете брашно и прашок за пециво.

Од тоа, измесете го тестото што не ви се лепи за рацете. Слободно додадете малку брашно доколку е потребно. Поделете го тестото на два дела, расукајте еден дел во плех за печење покриен со хартија за печење. Наредете го филот со јаболка, па ставете уште еден дел од тестото, исто така истегнено, над филот.

Фил:

Излупете ги јаболките, изрендајте ги, па соединете ги со шеќерот и оставете ги да се оладат. Количината на шеќер зависи од вкусот и колку се слатки јаболките. Можете исто така да додадете малку цимет.

Питата печете ја во рерна загреана на 180 степени околу половина час, или додека не порумени убаво.