Сите погрешно го правите болоњезе сосот- Италијански готвач открива како да направите совршени шпагети!

5 август, 2020
тестенини

Познатиот италијански готвач Џино Д’ Акампо открил дека повеќето луѓе погрешно го подготвуваат болоњезе сосот.

Покрај погрешните тестенини, многумина додаваат и непотребно зеленчук и зачини. Исто така, тој открил и дека треба да се користат повеќе видови на месо за саканата текстура и вкус.

  • Најпрво, наместо шпагети треба да користите таљатели
  • Во тава пропржете го ситно исецканиот кромид, целер и морков

Традиционално, болоњезе сосот се подготвува со јунешко и свинско месо.

“Свинското ќе ви даде волумен и вкус, а јунешкото текстура.”

  • Кога месото е готово, треба да додадете еден посебен додаток- млеко! Така месото ќе омекне, а ќе има и подобра текстура.
  • Покрај млекото, треба да се додаде и вино, заедно со пилешки или говедски бујон. Овие три состојки треба да ги готвите малку подолго за да не биде сосот кисел.
  • Последниот совет на Џино е да го одминете доматот, кој често се додава.
  • Наместо домат, треба да додадете малку каша или концентрат од домат, а целиот сос ќе го завршите така што ќе го оставите да се готви три часа на тивок оган.
  • Оставете го со капак час и половина и мешајте на секои 15 минути.
  • По час и половина тргнете го капакот. Послужете го сосот со зготвените таљатели.