Сладок леб со сирење и суво грозје: Мирисно тесто кое ќе ве маѓепса! (РЕЦЕПТ)

17 ноември, 2020
234493_slatki-hleb_ls

Совршен домашен сладок леб, кој ќе го обожава целото семејство. Лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

300гр ситно несолено сирење или рикота

250гр шеќер

3 јајца

250гр брашно

50мл млеко

1 ќесичка прашок за пециво (10гр)

2 раце суво грозје

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот. Одделно, изматете го сирењето со жолчките со миксер, потоа измешајте со брашното, млекото и прашокот за пециво, па додадете ги изматените белки. Промешајте суво грозје. За да не спладне на дното, ставете го сувото грозје во ќеса и истурете малку брашно, а потоа протресете го, отстранете го брашното и измешајте го сувото грозје.

Печете на 180 степени 35-45 минути во мазен калап, без ребра. Обавезно ставете хартија за печење.

Кога лебот ќе се испече, изладете го и исечете го на парчиња.