СОВРШЕН РЕЦЕПТ: Домашно тесто кое може со денови да стои во фрижидерот, а од него може да направите разни видови на пецива

15 ноември, 2020
shutterstock_1130422124_1000x0

Едноставно

Најдобро од сè, може да остане во фрижидер неколку дена и секогаш е како штотуку да сте го замесиле.

Состојки:

Околу 1кг брашно

500мл млако млеко

200мл јогурт

2 јајца

2 кафени лажички сол

1 кафена лажичка шеќер

1 коцка квасец

Подготовка:

Земете еден килограм брашно и направете вдлабнатина. Истурете малку млако млеко во таа празнина и искршете го квасецот и посипете со шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете го квасецот да нарасне. Додадете ги сите други состојки и замесете глатко тесто. Доколку е потребно, додадете малку повеќе брашно додека тестото не престане да се лепи за вашите раце. Покријте го тестото со крпа и оставете го убаво да нарасне. Од ова тесто можете да направите погачи, кифлички, мекици, пица … што сакате. Ако не го искористите целото, завиткајте го тестото во најлонска кеса и оставете го во фрижидер до неколку дена.

escort - Korsan taksi