Спанаќ со топен кашкавал
27 јули, 20200
Потребни состојќи:
- 1кг спанаќ
- 1главица кромид
- 2 чешниња лук
- 150мл павлака
- 150гр кашкавал
- 2 лажици масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Измијте го и исецкајте го спанаќот, лукот и кромидот. Во шерпа загрејте го маслото и во него пропржете ги кромидот и лукот. Додадете го спанаќот и динстајте додека спанаќот не ја смени бојата. Извадете го капакот и почекајте течноста да испари.
Додадете ја павлаката и зачинете со сол и бибер, па добро измешајте.
Префрлете ја смесата во сад за печење и поросете со рендан кашкавал. печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека кашкавалот не се стопи.