Таљатели со спанаќ и печурки: Гастрономско уживање за сите љубители на тестенини!

30 јуни, 2020
222095_taljatele-shutter_ls

Потребни состојки:

  • 250 грама таљатели
  • 200 грама печурки
  • 3 чешниња лук
  • 50 гр путер
  • 150 гр млад спанаќ
  • 30 гр пињоли
  • 150 гр грчки јогурт

Подготовка:
Во мало тенџере со солена вода, варете ги таљателите според упатствата на пакувањето. Додека ги готвите тестенините, загрејте едно тавче. Не е потребно да додадете масло или ако додавате, ставете само неколку капки. Исецкајте ги печурките и ставете ги да се пржат во тава. Кога ќе почнат да испуштаат течност, извадете ги од тавата и ставете ги во чинија.
Додадете путер и ситно сецкан лук на течноста испуштена од печурките. Пржете помалку од една минута, за да не загори.
Со врелата вода од досегашното готвење, можете кратко да ги прелиете листовите спанаќ. Тестенините процедете ги. Додадете го спанаќот и тестенините во длабока тава и измешајте ги со лукот и путерот. Доколку сакате, можете да додадете повеќе путер и да зачините по вкус.