Тестенините цело време ги правиме погрешно? Ова е вистинскинскиот рецепт за тестенини „ал денте“

9 септември, 2020
shpageti-ala-amatrikana

Шпагетите треба да бидат „ал денте“.

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи открива како правилно треба да се готват тестенините, бидејќи тие никогаш не смеат да бидат преварени, туку „ал денте“.

Иако тестенините се исклучително популарни кај Србите, многумина од нас се определуваат за едноставен метод за готвење тестенини во одреден временски интервал, сè додека не бидат подготвени за јадење.

Но, Гордон Ремзи тврди дека оваа техника за готвење може да придонесе до преварување на тестенините.

Британскиот готвач го сподели својот трик со кој што гарантира дека ќе се спремаат совршени „ал денте“ тестенини секој пат.

Првото нешто што треба да направите е да истурите вода во големо тенџере, така што тестенините имаат доволно простор за рамномерно готвење.

Додадете малку масло што ќе спречи лепење на тестенините, исто и малку сол. Потоа почекајте водата да започне да врие и дури потоа додадете ги тестенините.

Ако користите подолги тестенини, како што се шпагети, најпрво ставете еден крај од шпагетите во шерпата, оставете ги да омекнат, а остатокот нежно потопете го во врела вода и почекајте да „падне“.

Поставете го тајмерот и извадете само една шпагета за да тестирате дали е готово.Потоа исушете ги тестенините па  додадете уште малку сол, малку бибер и лажица маслиново масло.

За да го погледнете цело видео за приготвување на здрави болоњезе шпагети ПРИТИСНЕТЕ ТУКА

escort - Korsan taksi