Тирамису со цреши: Освежителен летен десерт кој не се одбива!
12 јули, 20200
Состојки:
200 гр бисквит
5 жолчки од јајца
50 гр шеќер во прав
500 гр маскарпон
300-400 гр цреши
1 лажица ликер од бадем
чаша кафе
какао по желба
Подготовка:
Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте го маскарпоне сирењето и ликерот од бадеми на пареа додека не се згусне. Накратко натопете ги бисквитите во сварено црно кафе, внимавајќи да не ги натопите премногу. Ставете го шлагот на дното на чашата, додајте ги бисквитите и излупените цреши, уште еден слој крем, бисквитите, па потоа повторно кремот и црешите. Доколку сакате, наросете го тирамисуто со какао. Оставете да се излади барем 1 час пред сервирање.