ТОП 3 кинески оброци кои можете да си ги направите дома :)

2 април, 20200
Кинеско јадење

Пилешкото е омилено месо на многумина од нас. Во кинеската кујна зафаќа многу важно место, а рецептите за подготовка на јадења што го содржат ова месо се бројни. Освен пилешкото, исто така оризот, зеленчукот и сосот од соја се нешто без кое оваа кујна не би била тоа што е. Ако не сакате да одите во ресторани, ова е начин да ја донесете кинеската кујна на вашата маса.

Пилешко на кинески начин

Состојки:

  • 700 гр бело месо
  • 400 гр зелка
  • 200 гр праз
  • 200 гр печурки
  • 50 мл сос од соја
  • 200 гр моркови

Исечете го белото месо на коцки. Пржете ги во масло. Извадете го месото од тавата. Исечете го зеленчукот во ленти. Пржете со прво додавање кромид, моркови, по две до три минути зелка, и на крај додавајќи печурки. Кога зеленчукот ќе омекне, вратете го пилешкото и додадете го сосот од соја. Служете со ориз.

Пилешко со ѓумбир и печурки

Состојки:

  • 400 гр пилешко филе
  • 1 лажица густин
  • 200 гр печурки
  • 50 мл масло
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сецкан ѓумбир
  • 1 лажичка зеленчук
  • ½ лажичка сол
  • неколку капки масло од сусам

Исечете го месото на тенки парчиња и измешајте го со густинот. Исчистените печурки исечете ги на тенки парчиња. Пржете го месото во врело масло и извадете го. Додадете ги печурките на иста маснотија и испржете ги.

Вратете го месото во садот со печурките, додадете го исецканиот лук, ѓумбирот, зеленчукот, солта и добро измешајте. На крај додадете масло од сусам.

Пилешко во сладок сос

Состојки:

  • пилешки гради
  • тестенини
  • 150 гр масло
  • 2 лажички мед
  • 2 помали моркови
  • стебло од целер
  • 2 црвени пиперки
  • 1/2 свежи зелени пиперки
  • 1 кромид
  • 1 магдонос
  • бибер и сол

Ставете ги тестенините во врела вода, а потоа исцедете и исплакнете со ладна вода. Исечете ги пилешките гради, моркови, и стеблото од целер на парчиња, исецкајте го кромидот и магдоносот и исечете ги пиперките на ленти.

Потоа зачинете го пилешкото со свежо мелен пипер и зачинете со сол, а потоа гответе го во вок тава на загреано масло.

Пржете го пилешкото до десет минути, додека да добие златно кафеава боја.

Потоа, извадете го пилешкото на страна и додадете го кромидот и солта на преостанатото масло.

Кога кромидот ќе омекне, додадете ги морковите, целерот и бибер, па зачинете со сол.

Откако ќе се омекне целиот зеленчук, додадете го магдоносот. По пет минути, додадете две лажички мед, промешајте, а потоа изгаснете го огнот.

Вака подготвениот зеленчук, измешајте го со тестенините и пилешкото и сервирајте.

ДОБАР АПЕТИТ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi