Трик за домаќинките кој ќе им помогне за брзо подготвување на зимницата: Еве како да излупите печена пиперка со само едeн потег!

6 октомври, 2020
230187_shutterstock-1499592611_ls

На овој начин нема да имате потешкотии додека ги лупите печените пиперки

Есен е време кога домаќинките подготвуваат многу зимници за претстојната зима, а ајварот е секако едно од неопходните задоволства за зимата.

Процесот на подготовка на ајвар вклучува печење пиперки и нивно лупење. Но, лупењето пиперки ни носи многу проблеми.

Постојат одлични трикови кои ќе ви го олеснат овој процес. Како што пренесува lifehacker.com, тајната е во тоа штом ќе ги извадите печените пиперки од рерна, покријте ги со крпа, пластична фолија или хартиена салфетка.

Потоа оставете ги да отстојат околу 15 минути – ако има поголема количина, можете да го правите тоа до половина час.

Покривањето на пиперките создава пареа и вишок течност, а помага и полесно да се лупи лушпата.

Постои и одличен трик ако сакате да ја задржите аромата на чад малку посилна!

Излупете ги во сад со вода, а потоа користете ја истата течност за да подготвите јадење.

escort - Korsan taksi