Трикови за тоа како да ја замрзнете лубеницата и за што се можете да ја користите

14 август, 2020
Annotation 2020-08-14 214706

За разлика од некои други видови на овошје, текстурата на лубеницата по замрзнувањето доста се менува, таа станува некако кашаста. Ако одлучите да ја замрзнете лубеницата, прво пресечете ја на коцки или издлабете ја со лажица за сладолед и направете топчиња.

Потоа ставете ги коцките или топчињата во сад и замрзнете. По неколку часа, кога парчињата се целосно замрзнати, пренесете ги во сад со капак и вратете ги во замрзнувачот па користете ги по потреба.

„Вака замрзната лубеница може да стои од 8 до 12 месеци“, вели Сара Томас-Драубах, иноватор за рецепти и основач на Healthyish Foods.

Можете да користите замрзната лубеница како оваа, на пример, како додаток на безалкохолни пијалоци, смути или фин крем од лубеница.

Замрзнатата лубеница ставете ја во блендер со неколку парчиња замрзнати банани. Додадете бадемово млеко и јаворов сируп и мешајте додека смесата не биде целосно мазна. Овој крем можете да го послужите веднаш или да го замрзнете и да го јадете како сладолед, пренесува 24sata.