Тулумби, сочни и вкусни! Брз и лесен рецепт!

21 септември, 2020
467285893

Тешко е да им се одолее! Ќе ги мразите онолку колку што ги сакате бидејќи нема да можете да застанете на само една… Тулумби, сочни и вкусни! Брз и лесен рецепт!

Состојки:

Сируп:

400гр шеќер

300мл вода

Неколку кришки лимон

Малку ванила

Тесто:

100мл млеко

100мл вода

1 лажица шеќер

30гр путер

50мл масло

150гр брашно

5 јајца (средна големина)

Подготовка:

Ставете ги водата и шеќерот во тенџере и оставете да зовријат. Намалете го огнот, додадете лимон и ванила по желба и варете уште 4-5 минути. Извадете од оган и изладете.

За тестото, ставете вода, млеко, шеќер, путер во тенџере. Оставете да зоврие, тргнете го од оган и додадете ја целата количина брашно одеднаш. Добро измешајте со лажица за да се соедини во компактно тесто, а потоа вратете се на исклучената рингла и варете со постојано мешање, минута или две.

Тргнете го од оган и оставете го да се олади 10-15 минути. Додавајте едно по едно цело јајце, мешајќи постојано со мешалка додека не добиете компактно, мазно и меко тесто.

Загрејте го маслото добро во длабока тава, но на средна топлина. Огнот не треба да биде премногу силен, но маслото треба да биде добро загреано. Пренесете го тестото во шприц за толумби или ќеса со продолжение во форма на sвезда. Истиснете го тестото во маслото до должина што ви одговара и исечете го со нож или ножици. Пржете со вртење неколку минути додека толумбите не поруменат од сите страни.

Извадете ги врелите толумби со жица, исцедете ги кратко и ставете ги во изладениот сируп. Оставете ги да стојат една минута или две, со тоа што ќе ги свртите еднаш или двапати. Исцедете ги малку и наредете ги во тава во еден ред. Повторувајте сè додека имате тесто. Ако остане сируп на крајот, истурете го врз тулумбите. Оставете ги на собна температура да се оладат и потоа може да се стават во фрижидер. Најдобри се ледени!

Ако направите минијатурни толумби како овие на сликата, ќе добиете околу 60 парчиња.

Пријатно!

escort - Korsan taksi