Вака готват супермоделите: ТЕСТЕНИНИ во лут сос со вотка, според рецептот на Џиџи Хадид (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

12 декември, 2020
DJidji-Hadid-Pasta-1536x887

Фановите ширум светот се воодушевени од овој предлог

Во последно време се повеќе познати личности споделуваат детали од своите домови и секојдневие.

Од една страна, виновна е и пандемијата, а многу луѓе се принудени да бидат затворени во своите домови.

По Емилија Кларк, Хилари Даф, Кајли Џенер и други актерки и пејачки, на ред дојдоа супермоделите, барем кога станува збор за готвењето. Новата мајка, манекенката Џиџи Хадид, на своите приказни сподели рецепт за омилените тестенини.

Како што вели, не ѝ треба премногу време за вакво нешто и е неверојатно вкусно. Луѓето беа воодушевени од нејзиниот рецепт, а што е најдобро, ако не сакате, не мора да додавате вотка.

За врелите тестенини со сос од вотка потребни ви се тестенини по избор, кромид, малку вотка, павлака за готвење, доматно пире и сирење или пармезан, како и зачини по ваш избор: сол, бибер, босилек и слично, во зависност од тоа што сакате.

Подготовка:

Пропржете ситно исечен кромид на малку масло додека не порумени. Потоа, додадете неколку лажици доматно пире и продолжете со пржење. По неколку минути додадете павлака за готвење, чили во прав или лута пиперка. Мешајте цело време за да не загори, додека смесата не се соедини добро, а потоа додадете малку водка, сол и бибер. Оставете да се крчка на средна топлина, а потоа истурете ги сварените макарони внатре со парче путер. Измешајте и изрендајте сирење или пармезан.

Оставете да се пржи уште неколку минути со постојано мешање и тестенините се подготвени. Брзо, лесно и вкусно. Што сакате подобро?

А доколку не сакате да додадете водка погледнете го ова видео:

escort - Korsan taksi