Ваков десерт сигурно не сте пробале: Француски тост во калап за мафини

2 ноември, 2020
17015782_1514540621949732_3018261754582241680_o


Состојки:

4 јајца

250 мл бадемово млеко

1 лажичка ванила

2 лажички цимет

12 парчиња тост леб од интегрално брашно


За полнењето:

500 мл грчки јогурт

60 мл јаворов сируп

половина лажичка цимет


Подготовка:

Добро измешајте јајца, млеко, ванила и цимет. Потоа натопете парчиња тост во оваа смеса и турнете во калап за мафини. Печете 20 минути на 180 степени. Во меѓувреме, измешајте грчки јогурт со јаворов сируп и цимет. Извадете ги корпите за тост од калапот, ставете ги на плех и наполнете ги со мешавина од грчки јогурт. Одозгора ставете свежо овошје – исечени јагоди, боровинки, малини и капини. Истурете малку јаворов сируп над секоја корпа.