Ви стана досадно вареното вино? Тогаш е време за варен џин! Еве како да го подготвите дома (РЕЦЕПТ)

23 декември, 2020
dreamstime-xxl-104262715

Овој рецепт особено ќе им се допадне на љsубителите на џин и тониц, но и на оние кои внимаваат на својата исхрана. Имено, во овој варен џин нема шеќер, но сè е засладено со мед и супер зачини

Најдобро од сè, лесно е да се подготви дома и нема дополнителен шеќер. Затоа, има помалку калории. За да го подготвите овој топол напиток кој ќе ви го загрее непцето во студените декемвриски вечери, потребен ви е џин, природен сок од јаболко, мед и зачини како цимет, каранфилче, ѓумбир и ѕвезден анасон.

Покрај тоа, оние кои сакаат да пробаат потемна верзија на варен џин и тоник можат, наместо природен сок од јаболко, да додадат црна рибизла или сок од црно грозје. Сварениот џин ќе биде подеднакво вкусен.

Можете да го послужите на семеен собир или дружење со пријателите, и сите ќе бидат воодушевени од неговиот вкус.

Варен џин

СОСТОЈКИ:

25 милилитри џин

200 милилитри сок од јаболко

лажичка мед, цимет, каранфилче, ѓумбир, анасон

ПОДГОТОВКА:

Загрејте 200 милилитри природен сок од јаболко со лажичка мед и додадете зачини по желба, како што се цимет, каранфилче, ѓумбир и/или sвезден анасон. Кога ќе зоврие, изгаснете ја ринглата. Истурете 25 милилитри од вашиот омилен џин во оваа мешавина. Ако имате јаболко, исечете го на кругови и додадете неколку парчиња и послужете додека е жешко. Додадете лимон за декорација.