ВКУСЕТЕ НЕШТО НОВО – Кари, тиква и леблебија, Совршената комбинација на состојки! (РЕЦЕПТ)

6 октомври, 2020
379754_x4_f

Одличен предлог за вечера или лесен ручек …

Состојки:

1 тиква (средна големина)

1 лажица масло

1-2 лажици кари во прав

1 лажичка коријандер во зрно (или во прав, каков ќе најдете)

1 лажичка семе од синап

6 мелени мешунки од кардамон (по желба)

1 поголема главица кромид ситно исецкан

250мл вода или супа

Сол и бибер

400мл кокосово млеко

1 конзерва леблебија (400г)

За послужување:

Зелен лимон, свежо нане, варено киноа или ориз

Подготовка:

Прво, исчистете ја тиквата од семето, исечете ја на парчиња, излупете ја и исечете ја на помали коцки, околу 2 см. Загрејте го маслото во голема тава и додајте ги зачините за да ја испуштат аромата. По една минута или две, додадете исечен кромид и динстајте 2-3 минути. Потоа додадете ги коцките од тиква, и по неколку минути вода или супа и млеко од кокос. Додадете бибер по вкус и варете додека тиквата не омекне 15-20 минути, на крај додадете ги леблебиите и варете уште неколку минути, со постојано мешање. Исцедете сок од зелен лимон во садот и посипете со сечкано свежо нане. Послужете со киноа или ориз.