Вкуснa кикирики бајадера! Направете крцкави мали колачи прелиени со ЧОКОЛАДО! (РЕЦЕПТ)

20 декември, 2020
401760_screenshot-18_f

Идеални ситни колачиња за слави и празници.

Состојки:

180мл вода

180мл шеќер

74гр маргарин

200гр блендирани кикирики

250гр мелени бисквити

80гр црно чоколадо

100гр бело чоколадо

Глазура:

120гр црно чоколадо

2 лажици масло

Подготовка:

Веднаш изрендајте го црното чоколадо. Измешајте вода и шеќер и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, додадете маргарин и почекајте да се стопи и да зоврие. Тргнете од оган и додадете кикирики и 200 гр мелени бисквити. Измешајте, а потоа поделете на два дела. Во едниот дел ставете рендано чоколадо, а во другиот преостанатите 50 гр мелени бисквити и измешајте. Ставете хартија за печење во мал плех или калап, а потоа истресете ја целата лесна смеса и израмнете. Расопете го белото чоколадо во микробранова печка или на пареа. Загревајте во микробранова печка 15 секунди додека не се стопи чоколадото. Прелијте го растопеното чоколадо преку првиот слој и оставете го во замрзнувач да се стегне 5-10 минути. Препорачуваме млечно бело чоколадо бидејќи чоколадото за готвење не се топи убаво. Ако сакате посна кикиритка бајадера, исклучете го чоколадото. Извадете го од замрзнувачот и ставете го чоколадниот дел над него, исто така израмнете го. Доколку се случи другиот дел да се олади и се чини дека нема да може убаво да се става преку чоколадото, загрејте го малку(да не биде жешко). Порамнете повторно со чаша. Глазурата се прави веднаш. Измешајте ги чоколадото и маслото и ставете ги во микробранова печка (15 секунди додека не се загреат) или на пареа и растопете ги заедно. Истурете врз бајадерата и посипете ги со изблендирани кикирики по желба.

escort - Korsan taksi