Воздушен (пенаст) омлет – здрав појадок кој децата ќе го обожаваат
2 јули, 20200
Има ли нешто подобро од јајца за појадок?
Уживајте во мекиот вкус на овој необичен, но многу здрав појадок.
Потребно ви е:
- 5 белки од јајца
- 3 жолчки
- малку путер
- сол, бибер, зачини по вкус
Подготовка:
– Одделете ги жолчките и белките во одделни садови. Ќе ви требаат само 3 жолчки, па останатите два зачувајте ги за друга употреба.
– Изматете ги трите жолчки од јајцата додека не се добие хомогена мешавина.
– Потоа изматете ги и белките од јајцата во голем сад додека не добиете густа смеса.
– Лесно претурете ги жолчките во белките додека не се измешаат. Додадете ги зачините.
– Ставете го путерот во тава да се загрева на умерена топлина. Не користете јака температура. Истурете ја мешавина и печете околу десетина минути.
Изберете ги прилозите сами.
Уживајте!