За љубителите на РИБА и ТЕСТЕНИНИ: Њоки со брокула и лосос во кремаст сос (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

20 август, 20200
Capture

Сите ја знаеме познатата реченица: Појадокот изедете го сами, ручекот поделете  со пријателите, а вечерата дајте ја на непријателите.

Искрено, не сме сигурни дека овој ручек би го поделиле со било кого.

Шала на страна, њоките со брокула и лосос се лесен оброк кој ќе ги воодушеви љубителите на риба и тестенини.

Кога е во прашање делењето со некого, за тоа сепак, ќе морате сами да одлучите.

Состојки:

150 g брокула
500 g њоки
маслиново масло
200 g лосос
70 g маслинки
сол
1 лажичка оригано
250 ml павлака за готвење
2 чешниња лук

Подготовка:

Њоките ставете ги да се сварат, а за тоа време подгответе го сосот. Лососот исечете го на коцки и пропржете го на маслиново масло. Додадете ги маслинките, брокулата и павлака за готвење, а потоа додадете го и ориганото. Лукот истолчете го и пропржете уште пет минути за сите состојки да се соединат. Со сосот прелијте ги њоките. За полесна подготовка погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *