За викендот воодушевете се со азиски вкусови : Фино говедско месо од вок тава (РЕЦЕПТ)

20 декември, 2020
dreamstime_s_77471905

Променете ја аромата на вашата кујна и направете традиционално кинеско јадење од вок тава овој викенд. Говедско месо, многу зеленчук и фин сос е комбинација на протеини, витамини и ароми што ќе ве стоплат и заживеат

Состојки:

150гр пиперки

150гр морков

100гр грашок од конзерва

350гр говедско месо

Соја сос

2 млади кромиди

½ лажичка шеќер

1 парче ѓумбир

Масло

Сол

Бибер

Чили

Подготовка:

  • Исечете го говедското месо на тенки парчиња и пржете на масло во вок тава.
  • Кога месото е скоро печено, додадете кромид, пиперки и моркови исечени на ленти и пржете уште неколку минути.
  • Измешајте сос од соја, рендан ѓумбир, шеќер, густин и малку вода.
  • Прелијте преку месото и зеленчукот и покријте го.
  • Динстајте кратко додека зеленчукот не омекне, но остане ал денте.
  • Додадете сол и бибер, промешајте го грашокот и послужете го со ориз или тестенини.
escort - Korsan taksi