ЗАБАВА ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО: Направете прекрасна новогодишна елка (РЕЦЕПТ+ФОТО+ВИДЕО)

30 декември, 2020
1d364fa4b59f52835a77050dd38f3ba2d2556ffd

Израдувајте ги децата со ова задоволство, а и сами забавувајте се со тестото.

Состојки:

1 пакување лиснато тесто

2 лажици чоколаден крем

1 жолчка

Желе коцки

Подготовка:

На тенок картон, исечете елка помала од должината на плехот.

Тестото развлечете го со сукало, па ставете го исечениот образец и исечете го со нож. Една елка од тестото премачкајте со крем и покријте ја со друга. Исечете ја ногата на елката и исечете ленти од страна и завиткајте ги.

Исечете мала sвезда и ставете ја на врвот. Премачкајте со жолчка од јајце. Печете на 220 степени  околу 25 минути.

Посипете со шеќер во прав и украсете со сецкани коцки желе.