Подпечена брокула со сланина и пармезан (РЕЦЕПТ)

9 октомври, 2020
dreamstime-s-162886574

Замислете го тој прекрасен мирис што се шири низ кујната додека во рерната се печат брокули прекриени си сланина, а подоцна се поросува со пармезан! Дури и најпребирливите го сакаат ова вкусно јадење

Состојки:

1кг брокули исечени на половина

30гр мешавина од зачини (оваа мешавина можете и сами да ја направите, рецептот е подолу)

¼ шоља маслиново масло

1 лажица паста од лук (или лажичка лук во прав)

1 лажичка пиперка

8 парчиња сецкана сланина

3 лажици пармезан

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Додека се загрева, започнете со подготовка. Во голем сад, измешајте ги сите состојки, освен пармезанот.

Префрлете ги во плех за печење и печете 25 минути до половина час. На крај, извадете од рерна и посипете со пармезанот додека е сè уште жешко, пренесува  kitchenfunwithmy3sons.com

Рецепт за мешавина од зачини:

½ шоља мелена пиперка

2 лажици сув магдонос

1 чажица сушени пиперчиња

2 лажички лук во прав

2 лажички кромид во прав

1 лажичка сув копар

1 лажичка сол

1 лажичка мелен црн бибер

escort - Korsan taksi