Запечени палачинки со мортадела и сирење

29 април, 20200
palacinki 1

Според некои извори палачинките потекнуваат од западно француската покраина Бретања, каде што биле приготвувани уште пред нашата ера. Овој пат, рецептот е за солена варијанта

Потребни состојки (за 4 лица):

8 парчиња мортадела

2 јајца

400 мл млеко

2 лажички сечкан магдонос

150 гр сирење “бри”

280 гр брашно

60 гр путер

сол

Подготовка:

Од смесата од млеко, јајца, сол и брашно на путер ги печеме палачинките, мортаделата ја сечкаме на квадратчиња, а со путерот го премачкуваме дното на огноотпорниот сад за печење.

На палачинките им ставаме по парче мортадела, а потоа редиме по неколку парчиња сирење, посипуваме сецкан магдонос и ги преклопуваме на тријаголници. Ги ставаме во огноотпорниот сад, повторно ставаме сечкано сирење и во загреана рерна на 180 степени ги печеме 15 минути.

Готовите палачинки ги сервираме во чинија, ги посипуваме уште малку со сечкан магдонос и ги послужуваме.

И тоа е тоа, добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi