Здрав појадок: еве како да направите чиа пудинг со банана и ореви!

14 мај, 2020
cia

Чиа пудингот со банани и ореви е брз и едноставен здрав оброк.

Состојки:

– Шолја млеко
– 4 лажици чиа семе
– Половина банана
– Неколку ореви
– Цимет
– Лажичка мед

Подготовка:

Во шолјата со млеко додадете ги чиа семињата. Оставете да отстојат 20 минути (или во текот на ноќта). Кога семињата ќе набабрат, одозгора додадете ја исечканата банана, оревите, циметот и медот.

Чиа семето содржи голема количина на Омега-3 масни киселини. Консумацијата на чиа семе го поттикнува варењето и помага во регулирање на телесната тежина. Исто така, доколку често се консумира чиа семе, тоа влијае на цврстината на косата, ноктите, забите, коските и крвните садови.