Здраво и вкусно: Пробајте го ова вкусно и едноставно италијанско јадење по рецептот на Џејми Оливер (РЕЦЕПТ)

24 ноември, 2020
1353260

Специјалитет на познатиот британски готвач Џејми Оливер се едноставни јадења за кои не се потребни посебни кулинарски вештини.

Џејми Оливер е секогаш среќен што се враќа на рецептите инспирирани од италијанската кујна, а едно од неговите омилени секако е вкусно јадење со јајца и зеленчук, фритета, што, како што вели, со задоволство го подготвува за семејството и пријателите.

Оливер го сподели својот рецепт за ова јадење што може да биде совршен оброк за пр. појадок, бранч, вечера…

Подготовката е многу едноставна, а можете да комбинирате различни видови зеленчук.

Состојки (за 4 лица):

8 јајца

Зеленчук (кељ, млада блитва, спанаќ, грашок)

Рикота сирење

Маслиново масло

Лимонов сок

Подготовка:

Лиснатиот зеленчук добро измијте го, исечкајте го и ставете го во тава, а за малку да се отпушти може да го ставите во топла вода или нежно да го загреете во тава за една минута или две и да го скршите замрзнатиот грашок.

Зеленчукот зачинете го со сол, бибер и маслиново масло, додадете го сокот од лимон и измешајте сè со прстите за да стане сочно.

Скршете ги јајцата во сад, измешајте ги со лажица и изматете ги не премногу, туку „на половина“.

Потоа загрејте го маслиновото масло во тава, додадете ги јајцата, зеленчукот и парчиња сирење рикота.

Додадете рендан пармезан и може да зачините со рузмарин или жалфија, на пример, во која ќе ставите малку масло за подобар вкус. По печењето на оган, префрлете ја тавата во рерна. Кога е готово, исечете ги на парчиња и послужете на пр. со маслинки или сушени домати.

И добарр апетит!

escort - Korsan taksi